ВИДЕО | Каде исчезна трудничкиот стомак на Меган Маркл: На најновото видео, Меган повеќе не е бремена?

Фото: Принтскрин

Хари го најавува својот најнов проект, а Меган го следи. Но тука нешто е чудно. Овој пат Меган нема труднички стомак, иако би требало да се породи ова лето…

Војвотката од Сасекс, 39-годишната Меган Маркл, би требало ова лето да го роди своето второ дете, ќерката чие доаѓање го најави во интрвјуто кај Опра Винфри. Токму со 67-годишната медиумска ѕвезда и една од највлијателните жени во светот, принцот Хари ја снима емисијата за менталното здравје „The Me You Can`t See“, чие прво премиерно прикажување ќе биде на телевизиската мрежа „Apple TV+“.


Принцот во создавањето на емисијата учествува како еден од креаторите и извршен продуцент, а емитирањето нема да биде бесплатно. По тој повод на Инстаграм страницата „Archewell_hm“ беше објавено видео со насмеаните Меган и Хари кои ја најавија серијата емисии за менталното здравје, но она што заинтригира многумина е недостатокот на трудничкиот стомак кај Меган Маркл. „Не е повеќе бремена?“, „Каде е нејзиниот стомак?“, се само дел од коментарите.

Profimedia
Фото: Профимедиа

„Што се случило со стомакот на Меган Маркл? Минатиот пат кога се појави пред малите екрани во црвен фустан тој беше многу голем“, запраша една обожавателка.

Набрзо на нејзиниот коментар се надоврза друга, претпоставувајки дека станува збор за постари снимки од 2020 година, а третата ги потврди тие претпоставки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот