ВИДЕО | Јордановска: Случајот Тот се разреши за 24 часа, но опасно е што граѓаните сакаат да се информираат од Фејсбук

Мери Јордановска, Вистиномер
Мери Јордановска, Вистиномер / Утрински брифинг

Загинувањето на ракометарот Денис Тот предизвика многу контроверзи со тоа што се променија неколку стории и неколку верзии кои се споделија со екстремна брзина.

– Хрватските медиуми објавија дека станува збор за насилна смрт, а нашите медиуми повикувајќи се на КАРИЛ и МВР објавија дека не е насилна смрт. Меѓутоа има снимка од Сејф сити за насилниот напад. Убиството се случува пред дискотеката Привилиџ, Тот им пререкува нешто на обвинетите кои се во такси возило. Тие излегуваат од возилото, таксито заминува, еден од осомничените му удира еколку бокса на Тот и тој многу бргу паѓа. Додека е паднат девојката продолжува да го удира, а вториот осомничен се обидува да ја тргне. Кога сфатиле осомничените дека е во бесознание се обиделе да му помогнат со вештачко дишење, вели новинарката Мери Јордановска, од Вистиномер.

Мери Јордановска за Утрински брифинг додава дека КАРИЛ не е институција која треба да ја каже причината на смртта, а факт е дека немало видливи знаци на повреда. Тој имал едем на мозокот, а која е причината за тоа се утврдува со обдукција, објаснува таа.

Хаосот настанува со брзото ширење на половични информации преку интернет имајќи ја предвид недовербата на граѓаните кон институциите поради што се склони да мислат дека имало обид за прикривање на настанот, коментира Јордановска додавајќи дека тоа не е така бидејќи случајот се разреши за 24 часа, а најсериозниот осомничен е притворен.

Кога станува збор за вториот осомничен кој е во бегство, Јордановска вели дека тој бил и претходно познат на полицијата, па дека дури и дома му била пронајдена лабораторија за производство на синтетички дроги.

Медиумите во овој случај не знаеја како да постапат со оглед на тоа што извори на информации имаше многу, а информациите што пристигнуваа беа контрадикторни.

– Се заглавивме во лавиринт од информации, вели Јордановска.

Мене ме плаши што Фејсбук стана начин на информирање на граѓаните. Ќе прочитаат нешто на Фејсбук и сметаат дека добиле информации од релевантен медиум.

Проследете го целиот разговор во видеото

Осомничениот убиец на Денис Тот во Словенија имал мини фабрика за дрога популарна во ноќни клубови

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот