Осомничениот убиец на Денис Тот во Словенија имал мини фабрика за дрога популарна во ноќни клубови

dejan,tot
Денис Тот, Фото: Фејсбук

Анџело Ѓоргиевски, првоосомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, во Словенија е осудуван за производство на дрога. Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Ѓоргиевски. Информацијата за неговата вмешаност во бизнисот со дрога во 2017 година ја објави словенечкиот весник Вечер, кој откри дека тој во Марибор, возејќи со автомобил, удрил во пет паркирани возила по што побегнал од местото на настанот.

Девојка која го посведочила инцидентот го пријавила во полиција, по што во куќа била пронајдена мини фабрика за синтетички дроги. Меѓу нив имало и гама-хидроксибутират, супстанца која е популарна меѓу боди билдерите и посетителите на забави во ноќни клубови и позната е како дрога за злоупотреба. Овој депресив влијае на централниот нервен систем, ја зголемува силата, еуфоријата, важи за афродизијак и е една од неколкуте контролирани супстанци кои се користат за „силување на забави”. Бидејќи влијае на централниот нервен систем како депресив, гама хидроксибутиратот може да биде смртоносен во комбинација со алкохол и други депресиви. За него нема оправдана медицинска употреба, а американската Агенција за храна и лекови го забрани за употреба и продажба.

Лицата кои посетуваат забави во ноќни клубови кои се долги и целовечерни, ја користат оваа дрога зашто ја зголемува еуфоријата.

Би Би Си пишува дека оваа дрога е оружје на силувачите, зашто ја зголемува еуфоријата и сексуалниот нагон.

Видео на денот