Ракометарот Денис Тот ќе биде погребан утре во родното Ѓаково

Денис Тот/Фото: Фејсбук

Ракометарот Денис Тот кој во четвртокот беше нападнат од три лица по што од компликациите од повредите почина на КАРИЛ, утре ќе биде погребан во родното Ѓаково. Погребот ќе се одржи во 15 часот на градските гробишта во хрватскиот град.

За смртта на Тот се товарат три лица, за кривично дело убиство. Од нив една девојка и едно момче се во триесетдневен притвор во затворот во Шутка, а едно лице е во бегство и МВР трага по него со потерница.

Од ОЈО велат дека судија на претходна постапка на сите тројца осомничени, меѓу кои и на избеганиот, им одреди 30 дена притвор.

„За осомничениот кој уште е недостапен за органите на прогонот мерката ќе почне да се применува од неговото приведување. Во тек е постапка за пронаоѓање и лишување од слобода на осомниченото лице. По распишаниот централен распис ОЈО Скопје очекува известување од МВР дали лицето се наоѓа во државата. Доколку се утврди дека тој ја напуштил државата, ќе биде распишана и меѓународна потерница“, велат од ОЈО за Слободен печат.

Трите лица се товарат дека му задале фатални повреди на главата односно дека го претепале дваеесет и седумгодишниот ракометар, по што тој паднал во бессознание пред дискотека во градскиот парк во Скопје. Тројцата напаѓачи, влегле во такси и го напуштиле местото без да му пружат помош на Тот кој лежел на асфалтот. Со екипа на брзата помош, која ја повикала вработена во дискотеката, тој беше пренесен на скопските клиники, односно на КАРИЛ, без срцева акција. По получасовен обид да се реанимира, неговото срце почнало повторно да чука, меѓутоа наредниот ден, по 24 часовна битка, ракометарот не издржа и им подлегна на повредите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот