ТАЖНА ВЕСТ: Почина ракометарот Денис Тот

dejan,tot
Денис Тот, Фото: Фејсбук

Почина ракометарот Денис Тот кој од вчера се бореше за живот на КАРИЛ, каде што беше донесен без срцева акција. Лекарите од Клиниката првично го спасија и го вратија во живот, меѓутоа само привремено. Попладнево 27-годишниот ракометар починал. Од него се прости ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на социјалната мрежа Фејсбук.


Претходно директорката на КАРИЛ доктор Маја Мојсова Мијовска за Слободен печат рече дека ракометарот во болница бил донесен без знаци на видливи повреди и насилство. Претходно бројни медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, известија дека Тот бил претепан во скопска дискотека, информации кои подоцна беа демантирани, со оглед на тоа што медицинските професионалци задолжени да се грижат за здравјето на Тот не виделе ниту еден знак на физичко насилство врз него.

За случајот со ракометарот се огласија и од МВР.

,,Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера на 7 април 2022 година во 4 часот и 11 минути, од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание и без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, велат оттаму.

Видео на денот