ВИДЕО: Јанис е незапирлив, на Индијана и даде 50 поени

јанис антетокумпо
Јанис Адетокумпо/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Актуелниот шампион во НБА лигата, Милвоки бакс со 128:119 ја совлада Индијана пејсерс и тоа благодарение на Јанис Адетокумпо.

Јанис натпреварот го заврши со 50 постигнати поени, а имаше и 14 скокови, додека Крис Милдтон постигна 19 поени. Кај Индијана, најдобри беа играчите кои минатата недела дојдоа од Сакраменто кингс, Бади Хилд и Тајрис Халибуртон. Хилд постигна 36 поени, додека Халибуртон 17 поени.

Расположен за игра беше и Тре Јанг кој ја носеше Атланта до победа од 124:116 над Кливленд.
Јанг натпреварот го заврши со 41 поен и 9 асистенции, додека Данило Галинари даде 25. Кај Кливленд најдобар беше Дариус Гарланд со 30 постигнати поени.


Далас иако губеше три четвртини против Мајами, на крајот успеа да дојде до победа од 107:99. Прво име во триумфот беше Лука Дончиќ со 21 поен и 10 скокови.


Резултати:
Атланта – Кливленд 124:116
Мајами – Далас 99:107
Филаделфија – Бостон 87:135
Минесота – Шарлот 126:120
Њу Орлеанс – Мемфис 109:121
Феникс – ЛА Клиперс 103:96

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот