ВИДЕО | Излезе трејлерот за филмот „House of Gucci“: Лејди Гага и Адам Драјвер во главни улоги

house of gucci
Фото: Принтскрин / Instagram+Profimedia

Долгоочекуваниот филм „House of Gucci“ на режисерот Ридли Скот ќе започне да се прикажува во ноември оваа година, кога се одбележуваат 100 години од основањето на истоимената италијанска модна куќа.

Филмот е след на животот на Гучи и љубовната приказна на Маурицио и неговата сопруга Патриција Реџани. Сега на големо воодушевување на светската јавност е објавен и официјалниот трејлер.

Патриција Реџани излезе од затвор и сега ужива во милионите: Како „црната вдовица“ го нарачала убиството на сопругот Гучи?

Марицио Гучи беше наследник на модната куќа Гучи, основана од неговиот дедо Гучио Гучи, а во филмот го толкува актерот Адам Драјвер. Братот на Маурицио, Алдо Гучи го толкува оскаровецот Ал Пачино.

По 12 години брак, Маурицио Гучи ја заменил својата сопруга Патриција со млада љубовница. Во 1995 година, тој беше убиен од платен убиец, ангажиран од неговата поранешна сопруга.

Во улогата на „црната вдовица“, Реџиани, ќе ја видиме пејачката Лејди Гага, за која ова е прва улога по филмот „Star is Born“.

Реџиани, која помина 16 години во затвор за убиството, не е воодушевена што во филмот ќе ја глуми Гага. За улогата на Патриција, пејачката стана бринета, а во трејлерот може да се забележи и нејзиниот изразен италијански акцент.

Семејството Гучи е загрижено за претстојниот филм „House of Gucci“: Тие го крадат идентитетот на семејството за да остварат профит

Во филмот ќе ја видиме и Салма Хајек во улогата на видовитата пријателка на Патриција, Пина Ауриема.

Селма Хајек им се придружи на Лејди Гага и Адам Драјвер како дел од актерката екипа на филмот „House of Gucci“

Џаред Лето, кој е голем обожавател на модната куќа, се појавува во улогата на Паоло Гучи додека Џереми Ајронс го игра таткото на Маурицио, Родолфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот