Патриција Реџани излезе од затвор и сега ужива во милионите: Како „црната вдовица“ го нарачала убиството на сопругот Гучи?

Profimedia
Italy - May1972.Maurizio Gucci and his wife Patrizia Reggiani,Image: 596714914, License: Rights-managed, Restrictions: * France, Germany and Italy Rights Out *, Model Release: no, Credit line: Del Puppo/Fotogramma / Zuma Press / Profimedia

Многумина сè уште се сеќаваат на трагедијата што се случи во1995 година, кога Маурицио Гучи беше убиен на влезот во неговата канцеларија.

– Било ведро и топло пролетно утро на 27 март 1995 година, околу 8:30 часот, кога згодниот Маурицио Гучи (46) излегол од својот стан во Милано на прошетка до канцеларијата, во срцето на модната метропола. Како и обично, под пазувата држел модни магазини и весници, облечен во костум, а на нозете секако имал чевли Гучи. Прошол покрај големиот градски парк, па се качил по кратките скали на патот до неговата канцеларија. Во чекор го следел непознат маж и пред Маурицио да успее да влезе во зградата, мажот го застрелал три пати во грбот. Кога паднал на црвениот мермерен под, убиецот испукал уште еден истрел во главата за да се увери дека ја завршил работата, пишува „Дејли мејл“.

Profimedia
Profimedia

Ова е приказната за која филм снима режисерот Ридли Скот, а кој собра респектабилна екипа на сетот. Леди Гага ќе ја толкува главната женска улога во филмот „Куќата на Гучи“, кој во моментот се снима во Италија. Многумина сè уште се сеќаваат на трагедијата што се случи во1995 година, кога Маурицио, внук на Алдо Гучи, кој семејната фирма ја претвори во модна империја, беше убиен на влезот во неговата канцеларија.

Ридли Скот требаше да го снима филмот изминатата година, но сѐ се одолговлечи поради пандемијата. Улогата на Маурицио Гучи ќе ја игра Адам Драјвер, а другите машки членови на династијата Гучи ќе ги играат Џеред Лето, Ал Пачино и Џереми Ајронс.

Profimedia
Profimedia

Најважната улога ја има Леди Гага, која ќе ја игра главната негативка – поранешната сопруга на Маурицио, Патриција Реџани. Убиството го шокираше светот и остана запаметен како еден од најголемите скандали во поновата историја на Италија.

Две години истражувачите биле во мрак и не можеле да откријат кој имал мотив. Освен убиецот, го барале и нарачателот. Се истражувало дали Маурицио паднал во финансиски проблеми поради разузданиот живот или, пак, убиецот бил некој во семејството распарчено од кавги.

Конечно, откритието ги шокирало Италијанците, но и светската јавност, бидејќи убиството го нарачала неговата поранешна сопруга Патриција, од која Маурицио се развел четири години порано, по 18 години брак.

Наводно бесна што од разводот ѝ припаднале „само“ 900.000 фунти годишно (денес тоа би било околу двојно повеќе од износот), а уште повеќе во страв дека Маурицио повторно ќе се ожени, таа избезумено барала личност кој би бил способен да го убие поранешниот сопруг.

Profimedia
Profimedia

Го пронашла со помош на Пина Ориема, јасновитка која се движела меѓу богатите, но се борела со долгови. Ја споила со Бенедето, сопственик на пицерија, кој бил во долгови, па шестцифрената сума за убиството му звучела примамливо. По убиството на Маурицио, почнале кавгите меѓу заговорниците. Пина ја уценувала Патриција дека ќе ја открие приказната на полицијата ако не ѝ дава пари. Конечно, во 1998 година, започнало судењето, а на обвинителската клупа, освен Патриција, седнале и јасновитката и сопственикот на пицеријата, како и возачот и портирот во зградата на „Гучи“ .

Убиецот добил доживотен затвор, Патриција како нарачател – 29 години, а јасновитката – 25 години затвор. Возачот и портирот исто така добиле ригорозни казни – првиот 29, вториот 26 години.

Се „опарила“ по убиството

Во 2011 година, Патриција доби можност да се пресели во полуотворен тип на затвор каде што се очекувало од затворениците да работат за еден ден подобро да се прилагодат на слободата. Тогаш 63-годишната Патриција тоа го одбила, велејќи дека „никогаш во животот не работела, па сигурно нема сега да почне“.

Била ослободена по 16 години, а судот не ја укинал апанажата од 900.000 фунти годишно, така што ѝ биле исплатени околу 16 милиони фунти за 16 години поминати во затвор. Денес таа слободно живее и ги троши милионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот