Profimedia-Youtube
Profimedia-Youtube

Семејството Гучи е загрижено за претстојниот филм „House of Gucci“: Тие го крадат идентитетот на семејството за да остварат профит

Додека филмот „House of Gucci“ има за цел да ја рекреира драмата за убиството на Маурицио Гучи, истовремено предизвика исто толку драматични реакции од вистинското семејство Гучи.

И покрај тоа што биографскиот филм во режија на Ридли Скот не се очекува да излезе до крајот на оваа година, тој веќе предизвика голема возбуда кај членовите на модното семејство.

Навистина сме разочарани“, рече Патрисија Гучи, една од вторите братучеди на Маурицио за „Асошиејтед Прес“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Screendollars (@screendollars)

Тие го крадат идентитетот на семејството за да остварат профит, да ги зголемат приходите на холивудскиот систем… Нашето семејство има идентитет, приватност. Можеме да зборуваме за сè, но има граница што не може да се премине“, вели таа.

Имено, Патриција се обидела да контактира и со сопругата на режисерот Скот, Џианина Фасио, но не добила одговор. Како што пишуваат странските медиуми, Фасио не е странец за семејството, бидејќи разговарала со членовите во раните текови за друг проект поврзан со Гучи.

Жалбите на Патрисија се протегаат на она што го видела на папарацо фотографиите од снимањето на актерската екипа.

Дедо ми беше многу убав човек, како и сите од семејството Гучи, многу висок, со сини очи и многу елегантен. Него го толкува Ал Пачино, кој веќе не е многу висок, а оваа фотографија го покажува како дебел, низок, навистина грд… Ова е срамота, бидејќи тој воопшто не личи на него“, рече таа во врска со Ал Пачино кој во филмот ќе го отелотвори Алдо Гучи.

Патрисија не е единствениот член на семејството Гучи која се бунтува против овој проект. Во март, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, Патриција Реџани, проговори за Лејди Гага, која треба да ја претстави во филмот.

Патриција Реџани излезе од затвор и сега ужива во милионите: Како „црната вдовица“ го нарачала убиството на сопругот Гучи?

Мене повеќе ме нервира фактот што Лејди Гага ме игра во новиот филм на Ридли Скот, таа воопшто не дојде да се запознае со мене“, изјави Реџани за италијанските медиуми.

Реџани истакна дека тоа не е прашање поврзано со пари, бидејќи „нема да добие ниту цент од филмот“. Како што рече таканаречената „Црна вдовица“ на Италија, „Тоа е прашање на почит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот