ВИДЕО | Избегнете ги салоните: Еве како се прави најубавата француска пунџа!

Фото: Јутјуб

На многумина првата мисла кога станува збор за пунџата им е комплицираност и илјадници шноли во косата. Но, еден вид на француска пунџа е многу едноставен за правење, а изгледа многу ефектно.

Станува збор за пунџата „chignon“, која всушност има богата историја, а додека трае пандемијата на коронавирусот нема потреба да се изложувате на ризици и да посетувате салони за убавина, едноставно направете си ја сами дома и изгледајте отмено.

Оваа пунџа со богата историја се носела во стара Грција, била популарна во викторијанскиот период, но и после Втората светска војна, а популарна е и денес.


Се смета за класична фризура која постојано еволуира и се враќа во мода. Називот на пунџата „chignon“ потекнува од францускиот израз „chignon de cou“, што во превод значи тилот на вратот. Традиционално, тука би требала да се наоѓа пунџата – бидејќи е ниска и поставена на тилот на вратот.

Дел од убавината на оваа пунџа е што е совршена за сите видови на коса, но должината на косата сепак би требало да биде барем до клучната коска. Таа може да биде алтернатива за репчето, разбушавена или со извлечени прамени за дневната варијанта.

Оваа пунџа најдобро е да ја направите кога косата не ви е штотуку измиена.

Погледнете во видеото како да го сторите тоа на најлесниот начин…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот