ВИДЕО: Историска сензација во боксот, Џошуа немоќен против Усик

Александар Усик го запиша само третиот триумф во тешка категорија/Лондон, Велика Британија/25 септември 2021/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Украинскиот боксер Александар Усик е нов светски шампион во тешка категорија, во верзиите ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО.

Усик со едногласна одлука на судиите, успеа да го победи Британецот Ентони Џошуа на стадионот на Тотенхем во Лондон пред 70.000 навивачи.

Долг период Украинецот беше неприкосновен во крузер категоријата, а во тешка категорија го оствари само третиот триумф.

Без пораз е во професионалниот ринг, а против Џошуа запиша 19 победа во својата професионална кариера.

Британецот го претрпе вториот пораз, досега во 24 борби беше победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот