ВИДЕО | Исланѓанец покажа како излегува од дома кога паѓа многу снег: Видеото е хит

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Еден Исланѓанец неодамна снимил видео во кое покажал како излегува од својот дом кога надвор има огромно количество снег.

„Би ја напуштиле куќата наутро, но живеете на Исланд“, стои во описот на видеото објавено на TикТок. Тој го снимил снегот кој навлегол во куќата кога ја отворил влезната врата. Земал лопата, направил премин, се качил на снегот и така ја напуштил куќата.

@66north Icelandic winter > #iceland #winter #winteraesthetic #fyp #cold #snowaesthetic #snow #relatable ♬ original sound – 𝐂𝐨𝐬𝐦𝐢𝐜 𝐫𝐚𝐝𝐢𝐨

Видеото на социјалната мрежа го погледнале речиси три милиони луѓе. Некои биле изненадени од количината на снег и прашале дали луѓето во Исланд мора да одат на работа кога надворешните услови се вакви. Но, оние кои живеат на Исланд или во други области каде зимските услови се вакви, во коментарите напишале дека ситуацијата што ја покажа Исланѓанецот за нив е сосема нормална.

„Овој човек е подобар од мене, јас едноставно не би излегол“, „Вака изгледа еден ден во Норвешка“, „Животот во Исланд бара одредени качувачки вештини“, „Како ќе ја затворите вратата? , „За секој случај треба да имате врата на горниот кат од куќата“, се дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот