ВИДЕО: Исланд и Грција на врвот, кои се најголемите 10 изненадувања на Европските првенства?
Како што се ближи стартот на новото Европско првенство (11 јуни – 11 јули) се објавуваат доста интересни информации во врска со континенталните собири.
Препорачано
Во продолжение дознајте кои се најголемите 10 изненадувања во историјата на еврошампионатите. Дефинитивно на врвот може да ја одвоиме сензацијата од ЕП 2016 кога репрезентацијата на Исланд во осминафиналето со 2:1 ја елиминираше Англија.
Тогаш само Исланѓаните веруваа во победа, додека останатиот дел од светот ги фаворизираше Англичаните. Понижувачки пораз за составот на тогашниот англиски селектор Рој Хоџсон, а свој коментар за тој имаше и легендарниот Алан Ширер:
– Најлошата игра на англискиот тим која сум ја гледал во мојот живот – беа зборовите на Ширер.
Уште во четвртата минута поведе Англија со голот на Вејн Руни, и сите помислија дека тоа ќе биде лесна победа. Но, за 14 минути за пресврт се погрижија Рагнар Сигурдсон и Колбин Сигторсон и воедно се погрижија Хоџсон да добие отказ.
Иако таа победа не е во овој избор, дефинитивно не треба да се заборави сензационалната титула на Грција на ЕП 2004 година кога во Лисабон со 1:0 со голот на Харистеас во финалето против Португалија го донесе најголемиот успех на грчкиот репрезентативен фудбал.
Топ 10 изненадувања во историјата на Европските првенства –
1.Англија – Исланд 1:2 (ЕП 2016, осминафинале)
2.Франција – Грција 0:1 (ЕП 2004, четвртфинале)
3.Белгија – Велс 1:3 (ЕП 2016, четвртфинале)
4.Белгија – Турција 0:2 (ЕП 2000, групна фаза)
5.Холандија – Данска 0:1 (ЕП 2012, групна фаза)
6.Заедница на Независни Држави (поранешни земји СССР) – Шкотска 0:3 (ЕП 1992, групна фаза)
7.Украина – Северна Ирска 0:2 (ЕП 2016, групна фаза)
8.Португалија – Грција 1:2 (ЕП 2004, групна фаза)
9.Западна Германија – Шпанија 0:2 (ЕП 1984, групна фаза)
10.Англија – Југославија 0:1 (ЕП 1968, полуфинале)
Ќириќ: Со среќа момци, Македонија на Европското првенство може да биде пријатно изненадување!
Евро 2020, Захариевски: Фудбалерите заслужија да уживаат во настапите на ЕП


