Евро 2020, Захариевски: Фудбалерите заслужија да уживаат во настапите на ЕП

epa09109308 Goran Pandev of North Macedonia (2-R) and his teammates celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Фудбалската репрезентација ги одбројува последните последните денови пред историскиот настап на Европското првенство кое стартува на 11. јуни.  Фудбалерите историското деби ќе го имаат на 13 јуни кога на Националната Арена во Букурешт ќе играат против Австрија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски веќе ги започнаа подготвките за настапот на ЕП, а утревечер (18 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ против Словенија ќе ја имаат првата проверка.

Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски смета дека фудбалерите заслужуваат да уживаат на настапите на ЕП против Австрија, Украина и Холандија и воопшто не треба еуфоријата и притисокот од очекувањата на јавноста да им претставуваат товар.

– Секако дека тоа би бил дополнителен товар но доколку тоа се играчи од нашето првенство. Ние имаме искусни играчи кои играат  во сериозни екипи каде притисокот е присутен во текот на целата сезона. Мислам дека нема да бидат оптоварени со тоа што го направија и ќе уживаат во настапите на Европското првенство вели Захариевски.

Поранешниот фудбалер на Силекс, Штутгарт, Кампомаиренсе, Вардар, Докса, Родос, Анагенинси, Тетекс, Металург, и кој 22 пати го носеше дресот на македонската репрезентација, смета дека најсилниот дел од репрезентацијата е средниот ред.

Тоа што со години ни фалеше – средниот ред сега токму во тој сегмент сме се најсилни. Со една комбинаторика и згуснат среден ред ние имаме тим кој може да оствари убави работи на Европското првенство.

Според актуелниот тренер на Струга ТЛ, противниците на Македонија се силни, но сепак фудбалерите имаат свои шанси.

– Со Австрија игравме во квалификациите, тие се сериозен и незгоден противник и видовме како поминавме со нив.Холандија долго време отсуствуваше од големите натпреварувања, но сега имаат добра репрезентација и мислам дека ќе бидат незгоден противник. Мислам дека нашата најголема шанса е со Украина иако верувам дека репрезентативците на сите три натпревари ќе го дадат најдоброто од себе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот