ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Павле Трајанов, пратеник: Очекувам предвремени избори во октомври

Павле Трајанов - политичар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Павле Трајанов, изрази сомнеж дека актуелната владина коалиција ќе ги дочека редовните парламентарни избори предвидени во 2024 година, сметајќи дека уште во октомври е можно да се одржат предвремени избори.

– Јас сум сигурен дека ни СДСМ, ни ДУИ се подготвени да го променат Уставот и да отидат на избори. Тоа нема да се случи, туку СДСМ е во предизборна кампања, исто и ДУИ е во предизборна кампања и проценките се дека најдоцна таму во септември или октомври ќе има предвремени избори. Без разлика што сега се обидуваат да го зголемат парлемантарното мнозинство, што исто така ќе има негативни рефлексии врз вкупните состојби – изјави Трајанов при неговото гостување во „Утрински печат“.

Трајанов смета дека е непотребно да се проширува актуелната владина коалиција на која припаѓа и самиот тој, со нови партии.

– Се говори дека партијата Алијанса на Албанците ќе влезе во коалицијата, што го сметам за непотребно. Доволни се 64 пратеници за да функционира мнозинството во парламентот, а со влегувањето на Алијанса во власта ќе се зголеми незадоволството на досегашните партии од владината коалиција и ќе се појави незадоволство. Ние ќе почекаме со развојот на настаните и ќе видиме како ќе се одвиваат работите, па потоа ќе донесеме заклучок за тоа дали и натаму да бидеме дел од власта – додаде Трајанов, кој тврди и дека најавената „коалиција на европски партии“, која се очекува да биде предводена од СДСМ и од ДУИ ќе направи нова и сосем непотребна поделба во нашето општество.

Поранешниот министер за внатрешни работи смета дека влошените бугарско-македонски односи се резултат на пред сè на политиката на „коленичење“ предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи. Трајанов е дециден во тврдењето дека нашата попустливост во односите со источниот сосед не е никаква гаранција дека односите ќе бидат подобрени.

Целото интервју со Павле Трајанов можете да го проследите на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот