ВИДЕО: Имаше негатива од 6:0, 4:0, но на крајот триумфираше!

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Во четвртфиналето на женскиот ВТА турнир во Острава (Чешка) е направен огромен пресврт на дуелот помеѓу Сара Сорибес Тормо (Шпанија) и третата носителка Арина Сабаленка (Белорусија).

Иако Белорусинката имаше негатива од 6:0 и 4:0 во вториот сет, беше пред елиминација, но потоа следуваше неверојатна серија која ја одведе до победа.

Нејзината противничка едноставно „застана“, а Сабаленка освои 12 гема по ред за пласман во полуфиналето.

Во полуфиналната пресметка ќе се соочи против Американката Џенифер Брејди којаславеше против Русинката Вероника Кудерметова.

За учество во големото финале ќе играат уште Марија Сакари (Грција) и четвртата носителка на турнирот, Викторија Азаренка (Белорусија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот