Идрис Елба
Идрис Елба / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

ВИДЕО | Идрис Елба ги поттикна шпекулациите дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд: „Сопругата ме натера“

Британскиот актер Идрис Елба повторно ги поттикна гласините дека може да го игра ликот на Џејмс Бонд, откако сподели видео снимено во музејот Мадам Тисо, позирајќи покрај фигури на актерите кои порано го играле Бонд.

@idriselbaWifey made me do it…

♬ original sound – maximumvenom8818

Откако во 2021 година беше прикажан последниот дел од франшизата, „Не е време за умирање“ (No Time To Die), се шпекулира кој ќе биде наследник на Даниел Крег, а името на Елба често се спомнуваше во медиумите.

Во видеото, кое брзо привлече внимание на социјалните мрежи, Елба симболично застана покрај последната фигура во низата на претходните Бондови, што многумина го протолкуваа како знак дека можеби токму тој ќе ја продолжи легендата. Во описот на видеото се пошегува: „Сопругата ме натера“.

Овие шпекулации доаѓаат во време кога Елба јавно зборуваше за иднината на својата кариера. За време на сесија со прашања и одговори на Меѓународниот филмски фестивал Црвено Море, тој откри дека планира долгорочно да се повлече од глумата.

„Се надевам дека моите обожаватели нема да се налутат на мене, но на крајот сакам целосно да се посветам на режисерската кариера“, изјави Елба, објаснувајќи дека сака да се фокусира на создавање филмови зад камерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот