ВИДЕО: И Зверев елиминиран, невидено фијаско на фаворитите на „Индијан Велс“

Германецот Александар Зверев остана без пласман на турнирот „Индијан Велс“/Калифорнија, САД/15 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Германскиот тенисер Александар Зверев е поразен во четвртфиналето на турнирот „Индијан Велс“ од Американецот Тејлор Фриц со 4:6, 6:3 и 7:6 (3).

Со овој неуспех на четвртиот играч на светот продолжува елиминацијата на фаворитите во Калифорнија.

Пред Германецот натпреварувањето го завршија уште првиот и вториот носител, Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Изгледаше дека после првиот сет кој го доби играчот на Хамбург дека нема да има проблеми да стигне до полуфиналето, но потоа Фриц го подигна нивото на игра што му беше доволно да го добие вториот сегмент од мечот во кој беше виден само еден брејк.

Во третиот одлучувачки гем имаше голем борба, Зверев при водство од 5:3 пропушти меч топка, потоа Фриц го врати брејкот, а одлуката на победникот падна во тај-брејкот каде што Американецот славеше со 7:3.

Фриц за пласман во големото финале ќе игра против Грузиецот Николоз Басилашвили кој со 2:1 (6:4, 2:6, 6:4) триумфираше над Стефанос Циципас од Грција.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Григор Димитров (Бугарија) и Камерон Нори (Велика Британија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот