ВИДЕО I Адетокумпо: Пред осум години, мајка ми продаваше на улица…

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Јанис Адетокумпо беше многу емотивен по освојување на шампионската титула во НБА лигата со својот Милвоки бакс,притоа велејќи дека во кариерата поминал сè, на теренот и надвор од него.

Милвоки во бакс во шестиот натпревар од големото НБА финале со 105:98 го совлада Феникс санс и славеше со 4:2 во победи. Очекувано, херој беше Јанис Адетокумпо кој го одигра најдобриот натпревар кога беше најпотребно, постигна 50 поени, имаше 14 скокови и пет блокади и на крајот беше прогласен за МВП на финалната серија.

На прашањето дали верувал дека ќе се најде во ваква ситуација кога започнал да тренира кошарка, емотивниот Јанис одговори:
Човеку… Не, човеку. О мој боже – рече Јанис кој не можеше да ги скрие емоциите.

Почнав да играм кошарка само за можам да му помогнам на моето семејство, да се извлечеме од проблемите. Се соочувавме со многу предизвици како деца. Никогаш не мислев дека ќе играм во финале на НБА лигата со 26 години, не да победам туку само да бидам дел од него. Никогаш не сум помислил дека ќе седам тука со овие два трофеи. Далеку стигнавме. Ова треба да е доволен доказ дека секој човек на светот треба да верува со своите соништа. Кога се изгледа лошо, треба да верувате и да продолжите да работите, не дозволувајте некој да ги зборува што не можете да направите. Луѓето зборуваа дека не можам да погодам слободно фрлање, а денеска ги погодив и јас сум шампион. Ги дадов слободните фрлања иако не требаше да ги дадам. Се надевам дека на луѓето им дадов надеж дека нешто може да направи. Пред осум и пол години, мајка ми продаваше работи на улица, а сега јас сум на врвот. Благословен сум, дури и никогаш да не седам тука. Сите треба да веруваат во своите соништа – вели Јанис кој потоа објасни што се не правел само за да дојде таму каде што е сега, да биде НБА шампион.

За мене ова беше долго патување, направив се што можев за да дојдам до оваа позиција. Не влегував во иугра, потоа влегував од клупа, бев стартер, отидов кај управата и им реков да ме испратат во развојната лига… Играв како плејмејкер, бев тој кој трча без топка, правев се….
Денеска морав да правам помалку од сето тоа, многумина ми помогнаа: Џон Хенмон кој ме донесе во САД и ме третираше како син. Лери Дру, Џејсон Кид кој ме мотивираше да работам и да усовршам некои елементи од играта. И тренерот Бад Буденхолзер кој ми рече дека мора да им верувам на своите соиграчи доколку сакам да бидам голем, да не бидам тврдоглав. Тоа беше тригодишен процес, а сега сме шампиони. Направив се на теренот, надвор од него, но не застанувам тука, тоа е мојот карактер.

ВИДЕО: Јанис со „ѕверска“ партија му донесе шампионска титула на Милвоки по пауза од 50 години

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот