ВИДЕО | Хелен Мирен, Кајли Миног и Шанаја Твејн се меѓу осумте познати дами кои за 8 Март добија барбика со нивниот лик

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Не постои девојка, жена без разлика на возраста, која може да им одолее на познатите кукли Барби. Како и секоја година, компанијата „Мател“ (Mattel) која стои зад оваа најпозната кукла, лансираше специјална колекција барбики на Денот на жената, оддавајќи им почит на осум извонредни жени кои оставија неизбришлива трага на нивните полиња. Минатата година беа познати жени од областа на СТЕМ професиите, а сега се:

Британската актерка Хелен Мирен
Австралиската пејачка Кајли Миног
Канадската пејачка Шанаја Твејн
Американската актерка Виола Дејвис
Бразилската инфлуенсерка Маира Гомез
Мексиканската режисерка, продуцентка и сценарист Лила Авилес
Јапонската манекенка Никол Фуџита
Германската комичарка Ениса Амани

Симболизирајќи ја силата, инспирацијата и различноста, секоја од овие Барбики е внимателно направена за да ја одрази личноста и достигнувањата на секоја дама, што претставува повеќе од играчка – тие се извор на мотивација и сила за девојките ширум светот.

Куклите од оваа колекција, со која „Мател“ прославува 65 години од славната кукла, носат автентична облека и додатоци кои се карактеристични за секоја од дамите, од синиот стајлинг на Хелена и малиот Оскар до специфичниот изглед на другите познати личности. Ова внимание на деталите не е само знак на почит кон секоја од овие жени, туку и начин да им се покаже на девојките ширум светот различноста и убавината на постигнување успех на свој начин.

Хелен Мирен, позната по своите незаборавни улоги и извонредната кариера, особено се истакна со коментарите за нејзината кукла која ја држи статуата Оскар што Хелен ја доби во 2006 година за нејзината улога во филмот „Кралицата“ облечена во син фустан, кој беше избор на актерката за филмскиот фестивал во Кан во 2023 година.

– Апсолутно сум воодушевена од мојата барбика. Тоа што ме избраа за пример е голем комплимент и нешто што не можев да замислам дека ќе ми се случи ни во моите најлуди соништа. Тоа е многу посебна работа и би рекла дека е едно од моите омилени достигнувања. Не само што ја добив титулата Дама на Британската империја, Оскар и ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, туку сега имам своја барбика. Репродукцијата е апсолутно совршена – изјавила 78-годишната актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот