Хана Хуљиќ Грашо - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Сопругата на Петар Грашо, Хана објави нова детска песна во која пее нивната ќерка Алба

Хана Хуљиќ Грашо објави нова детска песна наречена „Велигденска песна (Алелуја)“. Текстот на песната го напиша нејзината мајка Вјекослава Хуљиќ, а песната ја пеат Хана, нејзиниот сопруг Петар Грашо и нивната ќерка Алба.

„Велигденската песна“ беше објавена на официјалниот јутјуб профил на Хана посветена на детските песни. „Јас сум на мама и тато чудо, не им треба друго“, е еден од стиховите.

Хана претходно објасни дека на проектот за детска песна почнала да работи токму поради нејзината ќерка Алба.

“Имам бебе кое поради некоја причина почна да пее кога имаше осум месеци, што е навистина чудно. Кога почна да пее некои песни кои јас ги пуштав за да ја заспијам, не ми беше сеедно што таа пее туѓи песни, а не мои, и тогаш решив да ѝ пеам мои приспивни песни”, рекла Хана, додавајќи дека Алба била „хипнотизирана“ од песните.

„Велигденската песна“ не е првата песна во која се слуша гласот на Алба. Хана со својата ќерка ги сними и песните „Палачинке“ и „Мали рак“.

За потсетување, Алба е прво дете на Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо. Таа е родена во јули 2022 година. На крајот на октомври минатата година, парот доби син, кого го нарекоа Тони. Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во црквата Свети Доминик во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот