ВИДЕО: Хачанов ги загуби нервите после загубен сет во Антверпен!

фото: твитер

Рускиот тенисер Карен Хачанов дивееше после загубениот сет од Даниел Еванс на турнирот во Антверпен (Белгија).

Хачанов иако не беше задоволен од една одлука на судиите во тај-брејкот на вториот сет, не можеше ништо да направи, а и воедно нема „око соколово“ да се прегледа сомнителниот момент.

17 тенисер на светот потоа го загуби сетот, не можеше да се помири, па со ногата го удри знакот на спонзорот на мрежата, а потоа и со рекет удри на столот каде што седи главниот судија.

Воглавно е познат како навистина мирен и добар човек, денеска ја покажа својата спротивна страна.

Инаку, Русинот го загуби и третиот сет, и на тој начин беше елиминиран од турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот