ВИДЕО | Големи жртви: Зафирчев откри зошто се разделија со Калиопи
Aктерот Васил Зафирчев за првпат отворено проговори зошто завршил неговиот брак со Калиопи.
Препорачано
Во гостувањето во поткастот „Естраден лексикон“ со многу почит проговори за својот однос со Калиопи. Запрашан за тоа како е да се биде во брак со една таква впечатлива личност, Зафирчев не штедеше пофални зборови за својата поранешна сопруга, опишувајќи ја како исклучителна личност и уметник.
За Калиопи, Зафирчев рече дека е ретка билка и посебен човек.
„Таа е со еден збор еден од моите најблиски животни пријатели. Калиопи е ретка билка, редок цвет, навистина. И како човек и како уметник, посебна, многу своја, многу посветена на луѓето кои ги сака, кои ѝ се драги. Пред сè, пријател, пријател во основата на комуникацијата“, додаде Зафирчев.
Зборувајќи за крајот на нивниот брак, Зафирчев објасни дека одлуката за развод била донесена во пријателска атмосфера, како резултат на нивните професионални патишта и силни карактери.
„Така и се разделивме, како пријатели, како луѓе коишто сфатија дека можеби е подобро да продолжиме по нашите индивидуални патишта, затоа што сме уметници, затоа што сме преголеми индивидуалци, затоа што нашите професии бараат големи жртви, големи одрекувања, чести отсуства… Иако јас, во суштина, сум нејзин голем фан“, рече тој.
View this post on Instagram
Во однос на јавните сомнежи, шпекулациите и коментарите дека нивниот брак бил „лажен“ или „параван“ за нешто друго, Зафирчев децидно одговори дека таквите озборувања никогаш не влијаеле врз нив и нивниот однос.
„Ние воопшто не се занимававме со тоа што мислат другите“, заклучи актерот.
Бракот помеѓу Зафирчев и Калиопи траеше од 2004 до 2011 година, период во кој тие постојано беа под лупа на македонската јавност. Сепак, тие останаа во цивилизиран однос и го одржаа блиското пријателство по разводот.
Калиопи е блиска соработничка и пријателка и со првиот сопруг Ромео Грил, кој е нејзин музички продуцент.
Интервју со Васил Зафирчев: Со Калиопи и денес го делиме секојдневието и љубовта


