ВИДЕО: Ѓоковиќ како „брз воз“ против Шварцман!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот светски тенисер денеска успешно го започна настапот на Завршниот турнир во Лондон, Велика Британија.

Новак Ѓоковиќ во рамките од групата „Токио 1970“ многу брзо за еден час и 19 минути игра успеа да го совлада Диего Шварцман од Аргентина со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:2.

Во „О2“ арената српскиот ас не блескаше, но одигра колку што му беше доволно за вкупно 37 победа на овој турнир.

Со овој триумф Ноле направи добар чекор кон првата цел, а тоа е да се пласира во полуфиналето.

Вториот меч од истата група ќе се игра вечерва од 21.00 часот поемѓу Александар Зверев (Германија) и Данил Медведев од Русија.

Видео на денот