ВИДЕО+ФОТО: Најосамениот монах во Тибет кој живее сосема сам во овој изолиран храм

Фото: Профимедиа

На врвот на еден мал рид опкружен со езеро се наоѓа храмот Ритуо, домот на осамен монах кој ги поминува деновите медитирајќи.

Ритуо, што значи „камен на планината“ на тибетски јазик, честопати се нарекува најосамениот храм во Тибет. Има историја подолга од 700 години, но се смета за еден од најскриените скапоцени камења на земјата, бидејќи многу малку туристи се осмелуваат да го посетат.

Тоа е така затоа што се наоѓа практично на многу осамено место, на мал дел од земјата што се протега на езерото Јамдрок, едно од трите свети езера на Тибет, пренесува „Oddity Central“.

Но, фактот што за многумина е најинтересен е дека храмот има само еден жител. Неговото име е Ахванг Пинкуо и тој го поминува поголемиот дел од денот носејќи вода од езерото до храмот и во медитација и молитва.


Ахванг е само последниот во долгата низа осамени монаси кои со векови го чувале храмот Ритуо, а кога тој ќе умре, неговото место ќе го заземе некој друг.

Можеби се прашувате што е тоа што го спречува човекот да полуди на толку далечно и зафрлено место, а во овој случај тоа е силата на неговата вера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот