ВИДЕО+ФОТО | КРВАВ ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА: Во храм во Ница обезглавена жена, три жртви за неколку часа

Утрово терорист влезе во базиликата Нотр Дам во Ница и уби три невини лица. Тој извикувал „Алаху акбар” додека ги убивал двете жени и еден маж.

На најстарата жртва, жена на возраст од околу 70 години и ја отсече главата, 45-годишен маж е избоден до смрт, а жена на возраст од околу 30 години почина во кафуле близу црквата, кога тешко ранета се обидела да побегне од терористот.

Храм Нотр Дам, Ница, Франција / 29 октомври 2020 / EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT
Храм Нотр Дам / Ница, Франција / 29 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

Сите три жртви биле во внатре во храмот и присуствувале на утринска молитва кога биле нападнати, а повредени се уште неколку лица, пренесува МИА.

Басилика Нотре Дам во Ница, Франција / 29 октомври 2020 / EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT
Ница, Франција / 29 октомври 2020 / EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

 

– Од јавноста беше побарано да го избегнува тоа подрачје додека вооружена полиција спроведува голема безбедносна операција, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Полицијата брзо стаса на местото на настанот, го рани напаѓачот и го одведе во притвор.

Полициски службеници пред храмот / 29 октомври 2020, Ница, Франција / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

На социјалните мрежи се рашири видео снимка од моментот на апсењето.

ВИДЕО: Ова е 21-годишниот Тунижанец што денеска изврши терористички напад во храмот во Ница

Уапсен е и напаѓачот во Саудиска Арабија, кој денеска со нож полесно повреди стражар пред Француската амбасада во Џеда, објави саудиската државна новинска агенција.

Портпаролот на полицијата во Џеда потврди дека специјалните сили за обезбедување го уапсиле напаѓачот, саудиски државјанин на возраст од четириесетина години, додека стражарот е во болница. Во саудискиот извештај не се наведува мотивот за нападот.

Во Саудиска Арабија, дом на најсветите места на исламот, имаше критики на сметка на Франција, но многу поблаго одошто беше случај во други земји.

Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека „отфрла секаков обид за поврзување на исламот и тероризмот и ги осудува навредливите карикатури за пророкот“.

Жестока критика за карикатурите упатија саудиските свештеници, цитирајќи го пророкот Мухамед – „милост, правда, толеранција“ додека истакнат шеик ги повика муслиманите „да не претеруваат“.

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Во меѓувреме, во друг инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во францускиот град Авињон, a потоа спречи трет терористички напад откако уапси радикален исламист во центарот на Лион.

Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (родено 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мавтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рмпарт д’Анеј” и улицата Виктор Иго според весникот „Ле Прогрес де Лион“.

„Избегната нова трагедија“: Радикален исламист уапсен во центарот на Лион

 

За време на престојот во Ница, претседателот на Франција го осуди, „исламистичкиот терористички напад”, нагласувајќи дека со тој напад „е нападната цела Франција“.

-Ако сме нападнати, тоа е за вредностите што се наши, за нашиот вкус за слобода, за оваа можност на нашата почва да веруваме слободно. Ние нема да попуштиме пред тоа, рече Емануел Макрон на импровизираната прес-конференција во Ница. Претседателот исто така најави премин од 3.000 во 7.000 војници за операцијата „Сентинел”.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети Ница и храмот Нотр Дам по терористичкиот напад во кој две жени и еден маж ги загубија животите, откако беа нападнати внатре во храмот / 29 октомври 2020, Ница, Франција / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

За време на својот говор пред печатот, пред базиликата Нотр-Дам во Ница, претседателот Емануел Макрон посака пред сè „да ја изрази поддршката на целата нација кон католиците во Франција и на други места“.

– По атентатот врз отец Хамел летото 2016 година, повторно се нападнати католиците во нашата земја, додаде шефот на државата, осврнувајќи се на атентатот врз отец Хамел, кој беше заклан во неговата црква од исламистички терористи на 26 јули 2016 година во Сент Етјен ду Рувр.

ВИДЕО: Бијат камбаните на црквите во Франција за жртвите од терористичкиот напад во Ница

-Целата нација стои покрај нив и ќе остане за да може религијата да продолжи слободно да се практикува во нашата земја, продолжи шефот на француската држава.

– Многу е јасно, Франција е нападната, продолжи Емануел Макрон, придружуван од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, министерот за правда Ерик Дупонд-Морети, градоначалникот на Ница Кристијан Естроси и претседателот на Архиепископи на Франција, Ерик де Мулан Бофор.

ВИДЕО: Макрон по серијата терористички напади: Во Франција има само една заедница, националната заедница

Растечките тензии меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и дел од муслиманите почнаа во првата половина на октомври, на час во Париз, кога професорот Самуел Пати сакаше да им објасни на студентите што значи слобода на изразување покажувајќи им карикатура на пророкот Мухамед по што беше обезглавен од радикален исламист.

Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник (ВИДЕО)

Ситуацијата дополнително “зовре” завчера, кога сатиричниот весник Шарли Ебдо, кој беше цел на терористички напад во 2015 година, на насловната страна објави карикатура од Ердоган, која веднаш наиде на остри критики од Турција, за да кулминира со денешните напади во Ница и Авињон.

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, откако Ердоган повика на бојкот на француските производи

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот