ВИДЕО: Макрон по серијата терористички напади: Во Франција има само една заедница, националната заедница

epa08783604 Police officers stand near Notre Dame church, where a knife attack took place, in Nice, France, 29 October 2020. According to recent reports, at least three people are reported to have died in what officials treat as a terror attack. The attack comes less than a month after the beheading of a French middle school teacher in Paris on 16 October. EPA-EFE/ERIC GAILLARD / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон, зборувајќи за терористичкиот напад во Ница, вели „без разлика дали граѓаните се верници или неверници, мора да се обврземе самите себе да не попуштаме никогаш.

За време на престојот во Ница, претседателот на Франција го осуди, „исламистичкиот терористички напад”, нагласувајќи дека со тој напад „е нападната цела Франција”, јави дописникот на МИА.

-Ако сме нападнати (…) тоа е за вредностите што се наши, за нашиот вкус за слобода, за оваа можност на нашата почва да веруваме слободно (…). Ние нема да попуштиме пред тоа, рече Емануел Макрон на импровизираната прес-конференција во Ница. Претседателот исто така најави премин од 3.000 во 7.000 војници за операцијата „Сентинел”.

За време на својот говор пред печатот, пред базиликата Нотр-Дам во Ница, претседателот Емануел Макрон посака пред сè „да ја изрази поддршката на целата нација кон католиците во Франција и на други места”.

-По атентатот врз отец Хамел летото 2016 година, повторно се нападнати католиците во нашата земја, додаде шефот на државата, осврнувајќи се на атентатот врз отец Хамел, кој беше заклан во неговата црква од исламистички терористи на 26 јули 2016 година во Сент Етјен ду Рувр.

-Целата нација стои покрај нив и ќе остане за да може религијата да продолжи слободно да се практикува во нашата земја, продолжи шефот на француската држава.

-Многу е јасно, Франција е нападната, продолжи Емануел Макрон, придружуван од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, министерот за правда Ерик Дупонд-Морети, градоначалникот на Ница Кристијан Естроси и претседателот на Архиепископи на Франција, Ерик де Мулан Бофор.


Во исто време, француски конзулат  беше нападнат во Саудиска Арабија во Џеда, потсети шефот на државата – чувар на францускиот конзулат во Џеда беше прободен со нож овој четврток. И „во исто време беа извршени апсења на нашата територија”, продолжи претседателот.

Претседателот Макрон од пред базиликата Нотр-Дам во Ница, потоа ги повика Французите на „единството на сите” и „да не попуштат пред духот на поделбата”. „Цврстина и единство, таква е линијата што мора да ја следиме”, инсистираше тој пред да го заврши говорот.

Како што пренесува МИА растечките тензии меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и дел од муслиманите почнаа во првата половина на октомври, на час во Париз, кога професорот Самуел Пати сакаше да им објасни на студентите што значи слобода на изразување покажувајќи им карикатура на пророкот Мухамед, а кулминираше со денешните напади во Ница и Авињон.

Лице, кое слушнало за настанот на часот, сакаше да му се освети на професорот така што му ја отсече главата на 16 октомври, во северозападниот дел на Париз.

Очевидци изјавија дека напаѓачот (18), родум од Чеченија, извикувал „Алах е голем”, а потоа полицијата го ликвидирала.

Реагираа бројни француски политичари, пред сè претседателот Емануел Макрон, кој злосторството го нарече „исламски тероризам”.

Во тој момент, многу муслимански земји се poчувствуваа навредени затоа што за нив богохулство прикажување на пророкот Мухамед во кој било друг контекст освен религиозен, а меѓу најгласните беше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој повика на бојкот на француската стока, велејќи дека „Макрон мора да оди на преглед на главата “.

Во повеќе земји се одржаа протести против Макрон, меѓу кои и во Бангладеш и Пакистан.

Ситуацијата дополнително “зовре” вчера, кога сатиричниот весник Шарли Ебдо, кој беше цел на терористички напад во 2015 година, на насловната страна објави навредлива карикатура на Ердоган.

Турција веднаш реагираше и најави тужба против водечките лица на весникот.

Денеска, терорист влезе во базиликата Нотр Дам во Ница и уби три невини лица. Тој извикувал „Алах акбар” додека ги убивал двете жени и еден маж. На најстарата жртва, жена на возраст од околу 70 години и ја отсече главата, 45-годишен маж е избоден до смрт, а жена на возраст од околу 30 години почина во кафуле близу црквата, кога тешко ранета се обидела да побегне од терористот. Полицијата брзо стаса на местото на настанот, го рани напаѓачот и го одведе во притвор. Освен тројцата убиени, во нападот се повредени уште неколку лица. Турција најостро го осуди нападот.

Во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

Француската полиција денеска уапси и радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија.

 

 

ФОТО+ВИДЕО: Терористички напад во Ница, една жртва – се демонтира бомба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот