ФОТО+ВИДЕО: Терористички напад во Ница, една жртва – се демонтира бомба

Најмалку едно лице е убиено, а неколку се повредени во напад со нож во близина на областа Нотр Дам во Ница, во раните утрински часови во четвртокот.

-Од јавноста е побарано да го избегнува тоа подрачје додека вооружена полиција спроведува голема безбедносна операција, рече францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Градоначалникот на Ница Кристијан Естроси потврди дека наводен сторител е приведени и ѝ се заблагодари на полицијата на брзиот одговор.

– На лице место сум со полицијата… Потврдувам дека се сугерира на терористички напад кај базиликата, рече тој.

Во меѓувреме, полицијата врши контролирана експлозија во тоа подрачје и побара од јавноста да се дистацира од областа додека работат тимовите за демонтирање на бомби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот