ВИДЕО: Ова е 21-годишниот Тунижанец што денеска изврши терористички напад во храмот во Ница

Напаѓачот со нож во базиликата Нотр Дам во Ница е 21-годишен Тунижанец по име Брахим Ауисауи, јави дописникот на МИА.

ВИДЕО+ФОТО | КРВАВ ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА: Во храм во Ница обезглавена жена, три жртви за неколку часа

Тој не е барател на азил во Франција, тој пристигнал во Европа преку Лампедуза на крајот на септември, каде што беше ставен во карантин од италијанските власти пред да биде подложен на обврска да ја напушти италијанската територија и да остави на слобода, јавија француските медиуми.

Лицето се наоѓа на територијата на Франција од почетокот на октомври. Според некои судски извори, неговиот идентитет сè уште не е официјално потврден.

Истражителите во моментот имале само документ на италијанскиот Црвен крст што одговара на идентитетот на Брахим Ауисауи.

На социјалните мрежи се раширија и снимки од моментот на апсењето:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан испрати „порака за мир кон муслиманскиот свет”, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција”, а не на „презир или одбивање”.

– Не ги слушајте гласовите на оние што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во ексцесите на малцинството на манипулатори, изјави тој за време на разгледувањето на буџетот на неговото министерство во Националното собрание.

ВИДЕО: Бијат камбаните на црквите во Франција за жртвите од терористичкиот напад во Ница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот