Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник (ВИДЕО)

Францускиот претседател Макрон го оцени нападот за тероризам.

Еден човек е обезглавен во напад кој се случил во предградие на Париз, јави АФП. Нападачот е ликвидиран од полицијата.

Странските медиуми наведуваат дека напаѓачот извикал „Алаху акбар“ по што му ја отсекол главата на маж на улица. Се додава дека напаѓачот носел елек со експлозив.

Злосторството се случило во населбата Конфлан Сент Онорен, а напаѓачот подоцна е застрелан и ранет во соседниот град Ерањ.

Од француската полиција наведуваат дека жртвата е наставник кој работел во блиското средно училиште. 

Убиениот наставник предавал историја во париското предградие, како и „Курс за слобода на мислењето“. Откако на учениците им покажал карикатури на пророкот Мухамед од „Шарли Ебдо“, но тоа не им се допаднало на сите, по што училиштето и наставникот станале мета на критики.

„Ле Паризиен“ пренесува дека наставникот бил „ужасно осакатен“, а се наведува дека и напаѓачот бил родител на еден ученик.

Францускиот обвинител соопштил дека истрагата е во тек, а поради нападот министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин ќе се врати порано од посетата на Мароко.

Од Шарли Ебдо до обезглавен професор, повеќе од 250 лица убиени во последните пет години во Франција во терористички напади

Макрон за вчерашниот напад: Терористите нема да ја поделат Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот