Макрон за вчерашниот напад: Терористите нема да ја поделат Франција (ВИДЕО)

Мажот кој го уби средношколскиот наставник бидејќи на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед, ја „гаѓал“ слободата на изразување, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на местото на нападот во париското предградие Конфлан Сент-Онори.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше видно вознемирен кога пристигна во училиштето каде предаваше обезглавениот наставник по географија / Париз, Франција / 16 октовмри 2020 / Фото: EPA-EFE/ABDULMONAM EASSA / POOL MAXPPP OUT EPA-EFE/ABDULMONAM EASSA / POOL MAXPPP OUT

– Еден граѓанин е убиен бидејќи бил учител и ги учел децата за слобода на говор. Цела земја стои зад сите учители. Терористите нема да ја поделат Франција, изјави Макрон, опишувајќи го нападот како „исламистички тероризам“.

„Наш сограѓанин е брутално убиен, тој е жртва на терористички напад”, изјави Макрон, видно потресен.

Училиштето во кое предаваше обезглавениот наставник / Париз, Франција / 17 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Мажот кој вчера беше обезглавен во преградие на Париз беше наставник по историја во средно училиште, кој на час им покажувал на учениците карикатури на пророкот Мухамед.

Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник (ВИДЕО)

Полицијата го застрела напаѓачот, а француските медиуми објавија дека осомничениот е 18-годишен Чеченец, роден во Москва. Информацијата засега се уште не е потврдена.

Тинејџери оставаат цвеќиња пред училиштето во кое предаваше обезглавениот наставник / Париз, Франција / 17 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Четири лица, меѓу кои и малолетник, се приведени поради терористичкиот напад во Франција. Уапсените се роднини на напаѓачот, кој го уби учителот.

Тинејџери оставаат цвеќиња пред училиштето во кое предаваше обезглавениот наставник / Париз, Франција / 17 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT  EPA-EFE/YOAN VALAT

Полицијата го претресува и домот на напаѓачот во предградие на Париз. Претреси се вршат и на други адреси. Според портпарол на полицијата, ќе бидат запленети телефони и компјутерска опрема. Истражителите се надеваат дека ќе откријат што правел терористот неколку часа пред нападот.

Од Шарли Ебдо до обезглавен професор, повеќе од 250 лица убиени во последните пет години во Франција во терористички напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот