„Избегната нова трагедија“: Радикален исламист уапсен во центарот на Лион

ФОТО: Profimedia

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мавтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија, јави дописникот на МИА.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рмпарт д’Анеј” и улицата Виктор Иго според весникот „Ле Прогрес де Лион”.

Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам и со чие апсење очигледно избегнало нова трагедија.

Пјер Оливер, градоначалник на 2-от арондисман во Лион, преку Твитер и се заблагодари на полицијата за интервенцијата што „помогна да се избегне нова трагедија”.

Во Франција, денеска се убиени три лица во терористички напад во Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

ФОТО+ВИДЕО: Терористички напад во Ница, една жртва – се демонтира бомба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот