ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Фото: Screenshot/YouTube

Франција минатата недела ја згрози бруталната ликвидација на професорот по историја Самуел Пати, на кој тинејџер по потекло од Чеченија во предградие на Париз му отсече глава, го сними чинот и го објави на социјалните мрежи, поради карикатурите на пророкот Мухамед кои Пати им го покажувал на учениците.

Како дел од почитта кон Пати вчера на владините згради во некои француски градови се прожектирани цртежи од Мухамед од сатиричниот весник Шарли Ебдо, светски познатиот поради исламистичкиот масакр во јануари 2015 година кога браќата Шериф и Саид Куачи упаднаа во редакцијата и убија 12 лица.

Цртежите на Мухамед беа изложени во библиотеките во Монтпеље и Тулуз, а Пати доби спомен одбележје на чие откривање во Париз беше и претседателот Емануел Макрон.

Макрон Пати го опиша како „тивок херој кој ја отелотворувал вредноста на Француската Република“.Постхумно му додели Легија на честа, највисоко француско цивилно признание.

Таткото на една 13-годишна ученичка поради тоа што Пати на учениците им покажувал карикатури од Мухамед повикал на мобилизација против Пати и побарал да му дадат отказ во училиштето.

На социјалните мрежи го објави името и презимето на професорот и адресата на училиштето каде што работел, и тоа само неколку дена пред нападот.

На мобилниот од убиецот, 18-годишниот Абдулах Анзоров, кого го уби полицијата, пронајдена е фотографија на Пати и порака во која го признава убиството. Сведоците раскажале како убиецот го виделе во петок пред училиштето, при што ги распрашувал учениците каде може да го пронајде Пати.

Вкупно се уапсени 11 луѓе, меѓу кои се и исламски проповедник и татко на ученичката кои на покажувањето на карикатурите на Мухамед се жалеле на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот