ВИДЕО: Фернандеш за прва домашна победа на Манчестер јунајтед!

Бруно Фернандеш е еден од најдобрите играчи на Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/Alex Livesey/POOL

Португалецот им донесе уште еден триумф на „црвените ѓаволи“, но веројатно немаше да успее без ВАР технологијата. Бруно Фернандеш повторно е херојот на Манчестер јунајтед, со неговиот гол од пенал екипата на Оле Гунар Солскјер забележа победа против Вест Бромвич (1:0). Интересно е ова е првиот домашен триумф на Јунајтед сезонава во Премиер лигата.

Во 47 минута судијата досуди пенал за гостите, но ВАР ја промени таа одлука. Потоа, во 53 минута досуди пенал за Манчестер јунајтед, шутираше Фернандеш, а голманот Сем Џонсон успеа да го одбрани.

Но, од ВАР собата го информираа главниот судија дека Џонсон се поместил од линијата каде треба да стои пред да шутира Португалецот, па ударот од белата точка беше повторен, овојпат Фернандеш беше прецизен.

На табелата Јунајтед е на деветтата позиција со 13 бодови, седум помалку зад водечкиот Тотенхем кој денеска во дербито на колото во најсилната англиска лига славеше против Манчестер сити.

Претходно како дел од саботната програма Њукасл загуби од Челси (0-2), а Брајтон со резултат 1:2 беше подобар од составот на Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот