ВИДЕО: Мурињо подобар од Гвардиола, Тотенхем е „гладен“ за титула!

Сон Хеунг-мин би нема да го пропушти Светското првенство во Катар/фото: EPA-EFE/Kirsty Wigglesworth

Челси со гостинскиот триумф над Њукасл само за кратко беше на врвот, сега на истиот се наоѓа Тотенхем кој вечерва на домашен терен во Лондон беше подобар во дербито против Манчестер сити (2:0).

„Граѓаните“ со вториот пораз сезонава во Премиер лигата направија уште еден чекор назад кога е во прашање шампионската титула, моментно се дури на 10 позиција со 12 бода, дури осум помалку зад водечкиот состав на Жозе Мурињо.

Тотенхем дојде до шестиот триумф (трет по ред) со головите на Сон Хјунг-мин кој стрелаше уште во петтата минута по додавањето на Ндомбеле и Ло Селсо кој во 65 минута само што влезе успеа да ја затресе мрежата на Едерсон после асистенцијата на Кејн.

Во рамките од деветтото коло Брајтон славеше на гостувањето кај Астон Вила со конечен резултат 1:2.

Вечерва од 21.00 часот на „Олд Трафорд“ ќе се комплетира саботната програма со дуелот помеѓу Манчестер јунајтед-Вест Бромвич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот