ВИДЕО | Фатена на дело: Жена ставила лебарка во јадењето за да не го плати ручекот во ресторан

Фото: Claudio Rampinini / Alamy / Alamy / Profimedia

Видеото на кое се гледа како жена избегнува да плати сметка во ресторан откако ставила мртва бубашваба во храната стана вирална на социјалните мрежи.

Имено, жената која го добила прекарот „Госпоѓа бубашваба“ ja повикала келнерката во рибниот ресторан „Пуерто Чале“ во Гвадалахара, Мексико и тврдела дека нашла инсект во нејзината храна.

@tabalminuto #Nacionales | Surge #LadyCucaracha🪳 Comieron bien rico, pero después de saciar sus hambre, “pusieron una cucaracha” en uno de los platillos para no pagar”: una mujer se hizo #viral y recibió el apodo de #LadyCucaracha por usar una cucaracha falsa para no pagar una cuenta en un restaurante en #Guadalajara, #Jalisco ♬ sonido original – Tabasco al minuto

Таа дури и се заканила дека ќе направи сцена ако на неа и нејзиното семејство им биде наплатен оброкот.

Нивната сметка не била наплатена, а откако си заминале, персоналот ги проверил камерите за надзор за да ги потврди нивните сомнежи.

На видеото се гледа како жената вади мала кутија, која потоа ја тресе преку храната.

Изгледа дека тоа што било во кутијата не излегло, бидејќи еден од членовите на семејството и подава нож, со кој таа го извадила инсектот и го ставила на храната, а потоа ја вратила кутијата во џебот.

Лицето кое го подало ножот се обидувало да не се насмее кога келнерката ја повикале на масата и рекле дека во храната е пронајдена бубашваба.

Видеото ги згрози луѓето ширум светот и има милиони прегледи.

„Какво ужасно семејство, какви одвратни луѓе“. „Којзнае колку пати го направиле ова“, „Вработените требаше да ги проверат камерите пред нив“, „Можно ли е вакви луѓе да постојат“, се дел од стотиците коментари.

Не се знае дали сопственикот на ресторанот го пријавил семејството измамници во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот