ВИДЕО: „Фармацевтите“ броеја до седум против Гројтер Фирт

Фудбалерите на Баер ја остварија најубедливата победа сезонава во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Баер Леверкузен ја остварија најубедливата победа во 14 коло од Бундеслигата. „Фармацевтите“ со 7:1 го декласираа Гројтер Фирт во натпревар на кој блескаше Патрик Шик.

Чехот постигна дури четири гола и со вкупно 12 гола на 11 натпревари во Бундеслигата се искачи на второто место на листата на најдобри стрелци, веднаш зад Роберт Левандовски од Баерн кој има 14 постигнати голови.

Баер поведе во 12 минута со голот на Адли, а пет минути подоцна Тапсоба зголеми на 2:0. Почесниот гол за Гројтер Фирт го постигна Дуџјак во 33 минута. Инкапе во финишот од првиот дел зголеми на 3:1, за во второто полувреме Шик да постигне четири гола за убедлив триумф на Баер Леверкузен кој сега е на третото место на табелата со 27 бода, четири помалку од Баерн и три од Борусија Дортмунд.

Хофенхајм влезе во победничка серија и против Ајнтрахт го забележа третиот триумф по ред. Ајнтрахт поведе во 15минута преку Бореа, но до крајот на првиот дел, Гајгер и Ритер прават пресврт. Самасеку во 59 минута зголеми на 3:1 за Хофенхајм, по што Пасиенсиа во 72 минута постигна гол за Ајнтрахт, кој немаше сили да дојде до израмнување.


Резултати:
Арминија – Келн 1:1
Аугсбург – Бохум 2:3
Баер Л. – Гројтер Фирт 7:1
Хофенхајм – Ајнтрахт 3:2
Мајнц – Волфсбург 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот