Eбречи Езе/Arsenal FC

ВИДЕО | Eзе со еврогол го врати Арсенал на победничките патеки, трката за титулата продолжува

Фудбалерите на Арсенал се вратија на победничките патеки откако денеска, во рамки на 34. коло, на „Емирати“ го совладаа Њукасл со 1:0.

Избраниците на Микел Артета со тоа ја прекинаа серијата од два последователни порази и повторно се искачија на лидерската позиција пред Манчестер сити. Сепак, имаат одиграно натпревар повеќе од „граѓаните“.

Домашниот тим ниту овојпат не блескаше, но до победата стигна уште во 10. минута, кога по убава акција Езе прецизно погоди во левиот агол за ерупција на воодушевување на трибините.

По раното водство се очекуваше поофанзивна игра, особено од домаќините, но под очигледен притисок тешко создаваа шанси и повеќе се насочија кон одбраната.

Во таков однос на силите, Њукасл се обидуваше да стигне до израмнување, а најблиску беше во 80. минута кога Виса од само пет метри не реализираше стопроцентна шанса. Арсенал возврати неколку минути подоцна, а Сака имаше можност во 81. минута, но неговиот удар заврши покрај голот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот