Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Една година бескрајна среќа“: Мартин од „Некст тајм“ со емотивна објава го одбележа роденденот на ќерката Лиана

Гитаристот Мартин Филиповски од музичкото дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска, минатата година станаа родители на нивното прво заедничко дете – ќерката Лиана.

Денеска за музичарот и неговата сопруга е посебен ден, па затоа тој објави емотивно видео на својот инстаграм-профил и го одбележа првиот роденден на нивната ќеркичка.

Во видеото прикажани се заедничките моменти со малата Лиана во семејниот дом на музичарот.

„Една година бескрајна среќа“, напиша тој покрај видеото.

Оваа објава разнежни многумина, па во коментарите се нижеа роденденски честитки, посакувајќи и сè најубаво на Лиана.

Да потсетиме, Мартин Филиповски и Андреа Белеска стапија во брак во јуни во 2023 година. Тие направија црковна свадба во Кичево, родниот град на Белеска, а потоа и прослава во еден скопски ресторан.

„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: Го посветуваме на нашите две мајки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот