ВИДЕО | Џесика Алба доби посебно изненадување од мисијата Артемис 2: „Ова е нешто од моите најлуди соништа“
Актерката Џесика Алба се пофали со необичен успех на својата компанија „Хонест компани“, откако нејзин производ бил побаран, ни помалку ни повеќе, од вселената.
Препорачано
Алба на Инстаграм сподели видео во кое реагира на пораката од астронаутката Кристина Хамок Кох, која е дел од мисијата Артемис 2.
Во видеото, Кох од вселената упатува необично барање: „Можеби ќе треба малку истражување за ова. Барам специфичен хигиенски производ – лосион за раце од брендот ‘Хонест’. Мислев дека го имаме тука, но не можеме да го најдеме.“
Оваа порака пријатно ја изненадила Алба, која веднаш реагирала.
„Што?! Ова е лудо“, вели таа, додавајќи дека отсекогаш сакала да создава „побезбедни и подобри производи“ за своите корисници.
Актерката истакна дека нејзиниот сон бил компанијата да изгради репутација на „искрен“ бренд, а моментот кога нејзин производ се бара во вселената го опиша како нереален.
„Ова е момент за кој никогаш не мислев дека ќе биде мојот вистински живот. На сите што имаат соништа – следете ги, бидејќи никогаш не знаете… вашите производи може да завршат во вселената.“
Алба најави дека ќе ѝ испрати на астронаутката комплет од своите лосиони веднаш штом се врати на Земјата.
View this post on Instagram


