Доналд и Меланија трамо, холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима во Белата куќа - Фото. EPA/SALWAN GEORGES / POOL

ВИДЕО | Доналд Трамп со палецот нагоре, кралот во „паника“ – хит видео од Белата куќа го обиколи свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот ги угости холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима во Белата куќа. Иако не стануваше збор за официјална државна посета, средбата не помина без протоколарен хаос кој веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Вниманието на јавноста го привлече збунувачкиот момент за време на заедничкото фотографирање со Трамп и првата дама Меланија.

Имено, откако се ракуваа со американскиот претседателски пар, кралот културно се заблагодари за гостопримството. Меѓутоа, официјалното видео покажува како кралот и кралицата неколку моменти се мачат да сфатат каде точно треба да застанат за официјалната фотографија.

По кратка дезориентација, тие беа насочени да застанат десно од Трамп, подалеку од местото каде што првично стоеја блиску до Меланија.

 

Најавено „историско“ гостување на кралот Чарлс Трети

Оваа средба се случува на само неколку недели пред долгоочекуваното доаѓање на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила. Трамп на својата мрежа „Truth Social“ веќе најави дека оваа „величествена државна посета“ ќе се одржи од 27 до 30 април.

„Со нетрпение го очекувам дружењето со кралот, кого исклучително го почитувам. Ќе биде фантастично“, објави Трамп.

Ова ќе биде прво доаѓање на кралот Чарлс во САД во улога на монарх, по речиси 20 години откако кралицата Елизабета Втора последен пат ја посети Америка во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот