Столе Димитриевски/Screenshot

ВИДЕО: Димитриевски блесна во Севиља со маестрална одбрана, го пофали и Ла Лига

Фудбалерите на Валенсија направија голем чекор напред со важна победа на гостувањето кај Севилја (2-0), а еден од клучните фактори за триумфот беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски блескаше меѓу стативите и со неколку одлични одбрани не дозволи домаќинот да се врати во игра. Посебно се издвои неговата интервенција по силниот удар на Менди од далечина кога ја крена публиката на нозе.

Неговиот одличен настап не остана незабележана, па и Ла Лига ја истакна одбраната на своите профили на социјалните мрежи. Дел од фудбалската јавност дури ја вброи меѓу најимпресивните одбрани сезонава во шпанското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот