ВИДЕО: „Цепелинот“ на Велковски и Мандалиниќ во Топ 5 голови на Лига Европа!

фото: Е. Пелистер

По повеќе од осум месеци Еурофарм Пелистер одигра официјален натпревар и тоа во новоформираната Лига Европа.

Во рамките на второто коло, избраниците на Жељко Бабиќ загубија од данскиот претставник ГОГ Гудме со 30:29 (14:14).

Натпреварот беше драматичен, ниту една екипа не се издвои на повеќе од три разлика, иако битолчани во финишот од средбата имаше предноста од 29:27, Данците направија пресврт и дојдоа до бодовите.

Токму тој последен 29 гол на Еурофарм Пелистер на овој меч беше и најубав во изборот на ЕХФ.

Поточно, се најде во Топ 5 голови на второто коло, Мартин Велковски убаво го пронајде Стипе Мандалиниќ кој го комплетираше прекрасниот „цепелин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот