Финишот кобен за Еурофарм Пелистер

Битолчани на првиот натпревар во Лигата на Европа се поразени на гостувањето кај Гудме со 30:29 со гол во последната минута.

Целиот натпревар мина во израмнета борба на Гудме и Е. Пелисатер кои не дозволија ниту еден тим да се „одлепи“ и имаа свои моменти во одредени делови на средбата.

Првото полувреме мина во крајно израмнета игра, најголемата предност на некоја екипа изнесуваше два гола (10:8) и тоа за данскиот тим, но пелистерци веднаш возвратија и на полувремето се замина со 13:31. Во првиот дел блескаше Стипе Мандалиниќ кој постигна шест гола.

Во вториот дел идентична слика, на секоја мини серија на едниот тим, другиот возвраќање со своја мини серија и ја враќаше резултатската неизвесност. Во последните две минути се влезе со 29:29, а Кушан не успшеа да постигне гол по што домашните ракометари веднаш казнија и поведоа со 30:29. Во последните моменти Мараш не ја искористи својата шансаи тоа значеше пораз за Еурофарм Пелистер.

Хрватскиот репрезентативец Стипе Мандалиниќ беше најпрецизен ракометар на средбата со 11 гола, а добра игра прикажа и Кушан кој даде осум гола. Во редовите на Гудме, Емил Јакобсен постигна девет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот