ВИДЕО: Циципас пропушти четири меч топки, историска победа за „Тимот на светот“

„Тимот на светот“ за првпат победник на „Лејвер купот“/Лондон, Британија/25 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

„Тимот на светот“ ја оствари првата, историска победа над „Тимот на Европа“ на „Лејвер купот“ кој се одржа во Лондон.

Триумфот го донесе Американецот Френсис Тиафо, кој го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2:1 во сетови 1:6, 7:6 (11) и 10:7.

Така, „Тимот на светот“ триумфираше за првпат од основањето на натпреварувањето во 2017 година, односно по четири години доминација на „Тимот на Европа“.

Остатокот од светот беше подобар со 13:8, иако пред почетокот на последниот ден од „Лејвер купот“ имаше негатива од 8:4.

Првиот меч од последниот ден го добија Сок и Оже-Алијасим, а потоа следеше шокот на Канаѓанецот против Ѓоковиќ, кој му даде надеж на Светскиот тим да испише историја. Се очекуваше Циципас да го победи Тиафо, па Руд и Фриц да одиграат одлучувачки меч, но тоа нема да биде потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот