ВИДЕО | Чудна спирала се појави на небото над Хаваите

Спирала над Хаваи/ Фото Твитер принтскрин

Изминативе денови на ноќното небо над Хаваите се појави сина спирала. Иако овој феномен наликува на сцена од научно-фантастични филмови во кои вонземјаните создаваат еден вид „вселенска врата“ за да стигнат до Земјата или која покажува јаз меѓу паралелните универзуми, неговата причина има природни корени, односно веројатно е поврзана со лансирањето на сателитите на „Спејс Икс“.

Јапонската Национална астрономска опсерваторија ја забележале оваа мистериозна спирала на 18 јануари, веднаш откако „Спејс Икс“ ја лансирале ракета „Фалкон 9“ која носи голем воен сателит. Астрономот Ичи Танака, кој бил ангажиран во некое друго истражување таа вечер и не го забележал формирањето на оваа чудна форма пред „носот“ на телескопот „Субару“, сѐ додека некој не му испратил скриншот од „Јутуб“.

“Кога го отклучив телефонот, го видов видеото. Изгледа неверојатно”, изјави Танака за „Гардијан“. Опсерваторијата потоа сподели фотографија од спиралата на Твитер и објави видео од спиралната формација како лета над вулканот Мауна Кеа и потоа се растура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот