ВИДЕО: „Цепелинот“ на Лазаров во Топ 5 најубави голови на колото во Европската лига

Кирил Лазаров (Нант) има петти најубав погодок на колото во Европската ракометна лига/Фото: EPA-EFE/Sandor Ujvari

Еден од фаворитите за освојување на Европската лига оваа сезона, францускиот Нант загуби на домашен терен од бундеслигашот Лемго со 27:28, само седум дена откако Бенфика ги победи Германците на гостински терен.

За домаќините настапи македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој трипати се запиша во листата на стрелците.

Еден од неговите погодоци се најде и во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Топ 5 голови на колото.

„Цепелинот“ на Лазаров е прогласен за петти најубав погодок на колото во Лига Европа.

Во изборот се наоѓа и босанскиот плејмејкер Јосип Периќ кој во последните секунди му донесе бод на Е. Пелистер против швајцарскиот Кадетен, а неговиот гол се наоѓа на второто место.

Видео на денот