ВИДЕО: Босанецот Периќ во последните секунди донесе реми за битолчани против Кадетен

Босанскиот плејмејкер Јосип Периќ еден од најзаслужните за бодот на Е. Пелистер во Швајцарија/Фото: seha-liga.com

Е. Пелистер во рамките од второто коло во Европската ракометна лига на гостувањето во Швајцарија одигра нерешено против Кадетен Шафхаузен.

Иако битолчани повеќе пати имаа и негатива од „минус осум“, на крајот успеаја да го избегнат поразот и дојдат до важен бод во групната фаза.

Еден од најзаслужните за ремито на македонскиот вицешампион беше босанскиот интернационалец Периќ.

Токму плејмејкерот на Е. Пелистер во последните секунди со еден прекрасен погодок го обезбеди бодот и им донесе голема радост на своите соиграчи и секако сите фанови на клубот.

Во продолжение погледнете го видео записот со најинтересните моменти од денешниот натпревар (28:28)..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kadetten Schaffhausen (@kadettensh)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот