ВИДЕО | Бубо Каров откри приказна за сопругата: Се вадев на нејзината професија за да не нѐ сликаат заедно

Фото: Промо

Љупчо Бубо Каров вели дека неговата сопруга ја има најбитната улога и му е најголема поддршка во кариерата.

-Мојата сопруга не сакаше да се појавува во јавност. Зошто велам дека мојата сопруга има најбитна улога? Мојата сопруга никогаш не се замешала во нашиот бизнис“, му изјави Бубо Каров на Жаре во емисијата „Еден на Еден“ која ќе се емитува в недела на „Канал 5’, од 18.30.

Бубо раскажа многу нешта од интересната историја на К-15, но и за својот личен живот.

-Ако сме побарале од неа некој совет од стручен аспект, таа е правник, беше заменик јавен обвинител и како заменик јавен обвинител и се пензионира. И имавме многу добар изговор, кога новинарите ќе ми се јавеја да направат интервју, дома кај Бубо Каров. Јас не сакав таков тип на интервјуа. Јас секогаш се вадев на тоа дека жена ми има многу специфична професија. Од работа ѝ велат: „Не се појавувајте многу во јавност, не се сликајте“, раскажа Бубо.

Тој додаде дека единствената фотографија од сопругата која излегла во јавност е од неа и од кучето кое го вдомиле.

-Инаку другите наши што ни се блиски, сопругата на Бранко, девојки на Васко, сите се појавувале во К-15. Или мојата вечна сопруга Мимоза- Јасмина, која е сопруга на нашиот светло мајстор. Почна да се појавува и после „си се земавме“. Ми кажуваше Јасмина, кога нарачала такси да си оди од работа до дома. И кога такситот ја прашал дали оди до дома, не ја прашал каде живее, мислев дека ја вози кај мене. И кога пријавил во такси станица, таксистот рекол: „Одам до Влае, на Цацко женичката дома да ја однесам“, раскажа Бубо во „Еден на Еден“ .

На линкот подолу погледнете кратко видео, кое подобро ќе ви ја долови забавата која нѐ очекува со „Цацко“ в недела.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот