ВИДЕО | Били Џоел објави нова песна по 17 години

Фото: EPA/DOMINICK REUTER

Американскиот пејач, текстописец и пијанист Били Џоел го објави својот прв нов сингл по 17 години со наслов „Turn The Lights Back On“.

Баладата, објавена во четвртокот, е првата оригинална песна на добитникот на Греми по „All My Life“ од 2007 година. Истата година следеше „Christmas in Fallujah“ со Cass Dill. 13-тиот и последен студиски албум на Џоел, „Fantasies & Delusions“, беше објавен во 2001 година.

Џоел стана познат во седумдесеттите години на минатиот век, а позади себе ги има хитовите како „Piano Man“, „Uptown Girl“ и „We Didn’t Start the Fire“.

Тој неодамна на социјалните мрежи објави дека работи на нов материјал. Тој на синглот работел со продуцентот Фреди Векслер. Во наредните месеци, Џоел планира да настапи низ САД, како и во Кардиф, Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот